Дали Балканот повторно распламтува, гори меѓу Србија и Косово. Македонија избира партнерство со најмоќните или поглед во неизвесноста? Што можат да помогнат членството во НАТО и ЕУ? Каде се позиционираат младите? Прашања и одговори за Договорот со Грција, крие ли замки од кои Македонија треба да стравува? Стартува новата сезона на Отворено со Младен Чадиковски, од плоштадите во градовите што ги претставуваат шесте изборни единици во Македонија. Гледајте не од Штип, Струмица, Битола, Струга, Кавадарци, Скопје, граѓани, студенти, активисти, професори. Во Штип со професорите Страшко Стојановски и Ана Чупеска, новинарот Столе Наумов и Викторија Кукушев
