Ако ви се чини дека 2022 година беше тешка, полна со предизвици, како да се протурка месецот, како да најдете поевтино, да купите за дома, леб, масло, месо за јадење, немојте премногу да очајувате, затоа што оваа тековна 2023 година може да биде уште потешка. Инфлацијата не е зауздана, цените растат, потрошувачката кошничка се ближи кон границата од 1000 евра месечно.. А имаме ли право освен да се прехраниме да одиме во кино, на театар, на одмор, на море или на планина? Дали најавите за зголемување на минималната плата ќе ги решат проблемите, и какви нови проблеми можат да отворат. Нацрт законот за плата во јавниот сектор отвори нови прашања во односите синдикат влада.
Отворено 24 за проблемите на работниците, за решенијата, за економските состојб.. Македонија меѓу потребите и можностите.
На овие теми во вечерашната емисија со Јована Тренчевска министерка за труд и социјална политика, Трпе Дејановски од Синкатот на УПОЗ, Миле Бошков од бизнис секторот.
24 Отворено