Трудниците кои беа ослободени од работа поради пандемијата, сега да се вратат на работните места, бидејќи состојбата со коронавирусот во земјава се смирува – препорача Комисијата за заштита од заразни болести.
Падот на новозаразени допринесе за уште еден предлог, односно за излез од земјава граѓаните да не треба да приложат сертификат за вакцина, ПЦР тест или потврда дека прележале Ковид.
Минатата недела пак, 1.406 бремени жени се заразиле со коронавирусот, а за 9 од нив завршило со смртни последици. Но новиот извештај на ИЈЗ бележи дека има околу 30% намалување на бројот на заболени, но и смртни случаи од коронавирусот.
Гости во 24 Анализа се Марија Андоновска – член на Комисијата за здравство од ВМРО-ДПМНЕ и портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести – Злате Мехмедовиќ.
24 Анализа на 24 Телевизија