tvstanici.net

24 Анализа – Може ли надворешната блокада да ескалира на домашен план?



Што значи најновата европска шлаканица за Македонија? Навистина ли цела Европа не можеше да ја премисли Бугарија или пак едноставно не сакаше? Си најдоа ли противниците на проширувањето во Унијата совршено алиби за блокадата на Македонија? ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност затоа што Владата и по промена на уставното име и Договорот за добрососедство со Бугарија повторно не го испорача членството во ЕУ и обвинува за, како што велат, ново предавство на македонскиот идентитет.

СДСМ тврди дека тие направиле се, дека идентитетот е заштитен, но дека Софија се однесува недобрососедски? Може ли надворешната блокада да ескалира на домашен план?

Партиска дебата на секретарите за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Владимир Ѓорчев и Бојан Маричиќ.

24 Анализа на 24 Телевизија

Exit mobile version