Владата повторно се премисли кога ќе ги достави Уставните измени во Собранието. Што чека доколку имаат пратеници од “идеолошко крило” како што би рекол шефот на дипломатијата, за Уставни измени во ВМРО-ДПМНЕ? Што е пораката од европската тројка министри за надворешни работи од Чешка, Словачка и Австрија, зад затворени врати? Доби ли Ковачевски гранции дека официјална Софија нема да ја блокира Македонија на идентитетски и историски и малцински прашања, како драмата со Пендиков, на средбата во Вилнус, на која беа и шефовите на дипломатии на двете земји? Како партијата што се колне во ЕУ вредности не смогна сили да побара оставка од својот градоначалник во Струга кој се најде на црната листа на САД? Како може ДУИ да зборува за правда кога зделката на Дрин Ахмети, за нула денари 39% од Соравија ја отвори пандорината кутија за сомнежи во бизнисите на семејството Ахмети?
Во последната 24 анализа за оваа сезона интервју со Бујар Османи министер за надворешни работи и портпарол на ДУИ.
24 Анализа на 24 Телевизија