tvstanici.net

24 анализа – Игра ли Груевски за СДСМ и ДУИ или пак Мицкоски е несигурен во својата поддршка?



Македонската политичка сапуница без крај – кој кого и зошто саботира? Јавната кавга меѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски се чини ескалира, кому ќе му се удри од глава? Игра ли Груевски за СДСМ и ДУИ или пак Мицкоски е несигурен во својата поддршка и се плаши од Груевски како што го обвини и самиот екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ? Ќе ќари ли некој пратеник плус Димитар Ковачевски на изборите во кои според анкетите влегува со сериозно слаб рејтинг? Се откажа ли владата од уставните измени и сега во фокусот и е да поентира од опозициската кавга? Колку упадот во правната држава со тивката амнестија Македонија ја носи кон ново европско вето како што предвидува академик Таки Фити? Колку Париз и Берлин со т.н експертски предлог конечно и јавно ја покажаа визијата за Европа за членки од втор ред?

Анализираат Ненад Марковиќ универзитетски професор, Ивица Боцевски поранешен амбасадор и Насер Селмани новинар.

24 Анализа на 24 Телевизија

Exit mobile version