tvstanici.net

24 Анализа – Зошто Владата во заминување не собра сили за последно соочување со опозицијата?



Премиерската оставка констатирана, пратеничките прашања откажани – зошто Владата во заминување не собра сили за последно соочување со опозицијата? Македонија и формално чека нова Влада. Роковите течат на Бихаќка се збиваат редовите – многу министерски и функционерски желби – кој ќе „извиси”, а кој ќе седне на Илинденска бр. 2? Се бира и ново раководство, се најавуваат и изненадување, кои поранешни функционери ќе му „даваат” памет на Ковачевски? Ќе успее ли Ковачевски да истурка цели 2,5 години на премиерскиот трон? Со избор на ново раководство не му се брза ниту на Христијан Мицкоски. Новиот тим надграден и проширен го најавува постпразнично. Зошто бомбата на опозицијата за Влада во која Африм Гаши ќе биде мандатар испука за еден ден? Кога опозицијата ќе излезе на улица? И ќе успее ли да испровоцира предвремени избори?

Дебатираат координаторите на пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски и Никола Мицевски.

24 Анализа на 24 Телевизија

Exit mobile version