Чарлс Бојкот е озлогласен земјопоседник во Aнглија, кој не ни сонувал дека во есента 2018-та година, 150 години по неговата смрт ќе стане славен во една мала балканска земја. Позната е како Македонија, ФИРОМ во светот, Северна во најава. Државата е пред еден од најсериозните предизвици – со ниска излезност, а со силна поддршка ЗА – референдумот е ни на небо, ни на земја. Власта ќе организира брзи избори, опозицијата ги условува. Политичка криза – низ призма на Договорот меѓу Македонија и Грција и поделеноста на македонското општество со професорот Мерсел Биљали, професорката Донка Барџиева Трајковска, Ицо Најдовски Перин од „Бојкотирам“, Александар Спасов, универзитетски професор.
