Правдата во Македонија, таа најболна тема во општеството и 6 години по падот на Груевски никако да дојде. Поништени и укинати пресуди, ветинг на судии и генерален реизбор, куп теми кои не донесоа ништо, само ја убија надежта дека институциите во земјава ќе почнат да работат. Довербата е изгубена, изгубени се и животи и уништени судбини на луѓе кои со години чекаа на единствената морална и животна сатисфакција, правдата. Одлуката на Aпелација за поништување на судската пресуда за поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, само ги подгреа зоврените страсти на општеството што крена револуција против неправдата и никогаш не ја доби.
На овие теми во 24 Отворено со Маргарита Цаца Николовска судијка, Дарко Аврамовски од Коалицијата за правично судење и Александар Диневски еден од жртвите на поранешниот режим.
24 Отворено