Гевгелија, Валандово, Богданци, Дојран. Југоистокот на нозе, ќе се градат ли рудниците Иловица и Казандол или ќе победи граѓанскиот активизам за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните? На тест институциите. Додека власта е зафатена со големите политички прашања за името и законот за јазици, дали просперитетот на граѓаните е ставен во втор план? Под кои услови и какви договори се кријат во рударскиот бизнис, колку потписи биле клучни зад прашината на рударскиот коп? Екологијата и здравјето на граѓаните се најдоа високо предизборно во агендите на политичките партии, но дали ќе останат во реалниот политички фокус?
Во 24 Отворено:
Николајчо Николов – македонската асоцијација за рударство
Бошко Сибиновски – директор на Сардич, концесионер на Казандол
Проф. Коста Поцков – магистер по геологија
Ангел Наков – граѓански активист
И градоначалниците: Сашко Поцков – од Гевгелија
Перо Костадинов од Валандово