Од советник на Груевски и менаџер на моќната ЕЛЕМ до лидер на раскараната опозиција – како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја врати славата на партијата. Ќе игра по нотите на меѓународната заедница или ќе изгради автохтона политика. Како да избега од сенката на криминалот што во наследство ја остави поранешното раководство на партијата. Од „патриоти и предавници” до конструктивна опозиција – дали реформите во ВМРО-ДПМНЕ почнаа. За името, правосудството, за критиките што ја следат администрацијата на Заев, но и за сопствената улога во креирањето на европска држава.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 24 Отворено со новинари, граѓани, студенти.
