2016-та година, септември, тој кобен 6-ти ден од месецот… Македонски автобус се судира со камион во Турција… Повредени и згмечени патници…На една жена и се ампутирани двете нозе.
Снежана Караџовска, две ипол години потоа во лавиринтите на македонското здравство. Темните ходници на болничката голгота низ кои минува Снежана се дополнително мрачни од сознанието – во Македонија нема доктор, болница, институција која може и сака да помогне на жена, сопруга и мајка која само сака да обезбеди минимални можности за нормало функционирање.
Во светот постои метода што и на луѓето со двојна ампутација на нозете – над колена, можат да и овозможат тоа што изгледа невозможно – да прооди.
Наместо помош – зошто државата ја остава Снежана заробена во количка? Како да им се помогне на луѓето со инвалидитет?
Во студиото на 24 Отворено со Снежана Караџовска, Елена Кочоска од „Полио Плус“, Бранимир Јовановски од „Мобилност“, Ѓорѓи Станишевски од центарот за протетика, „Славеј“.