Комбинатот без кој не може да се замисли животот во Mакедонија – РЕК Битола. Досега властите го користеа како систем за задоволување на партиските апетити, од вработувања и директорски позиции до тендери кои ги полнеа касите на партиите. Како РЕК да престане да гуши, од дувло на криминал и најголем загадувач, до економски гигант на Балканот – има ли спас?
Директорот на ЕЛЕМ Васко Ковачевски, Габриела Илиевска од Поинаку, Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Груевски претседавач со битолскиот совет, Душко Груевски од коалицијата „За нас се работи“, во 24 Отворено директно од снежната Битола.
