Дали партиите ќе понудат радикална промена на престојните предвремени парламентарни избори – колку и како ќе бидат застапени жените – идни пратенички? Има ли политиката страв од успешни жени? Дали министерките покажаа дека подобро делат правда, поквалитетно ги менаџираат јавните финансии, имаат стратегија во одбраната и поголем слух за социјалата? Дали освен пополнувањето „дупки“ во обврзувачката законска бројка, вистинската болка на македонското општество е што учеството на понежниот пол во политиката се гледа врз призмата на родова, етничка, партиска застапеност, а не по правилото – избор на професионалци. Зошто политичката кариера на жените речиси без исклучок е во сенката на партискиот лидер-маж.
Во 24 Отворено дебатираат: Санела Шкријељ, Лилјана Затуроска, Арта Биљали Зендели и Маја Морачанин.