Се бројат деновите. Дали Европската Унија ќе испорача датум за почеток на преговорите на земјава? Договорот од Преспа стана победа на дипломатијата над национализмот, но дали ќе биде доволен багаж да не внесе на европскиот пат? Ќе ја награди ли Унијата храброста за решавање на проблемите или ќе има реприза на тактичката игра со одолговлекување? Земјава на крстопат, да се биде или не? Ќе има ли конечно „јасна и суштинска“ или уште една порака во целофан?
Во пресрет на состанокот на Европскиот совет на 15 октомври за евроинтеграциите во 24 Отворено дебатираат Никола Дујовски, Самоил Малчевски, Мерсел Биљали и аналитичарот Сафет Бишевац.