Пред крајот на бомбашката зима, се чини како во неповрат да оди уште една учебна година, со многу изгубени часови, исполнета со нервози и секојневен метеж. Најмалите уплашени, повозрасните ученици веќе доволно свесни дека загубата на часовите и не е така интересна како на почетокот кога почнаа најавите за бомби, наставниците без можност и план како да се надомести загубената настава, родителите во хаос си ги прибираат децата дома. Државата е немоќна, министерството за образование анализира, но што и дали нешто може да се направи во оваа безизлезна ситуација?
На оваа тема, со Татјана Алексиќ професорка, Вида Гавриловска психолог, Шпетим Латифи, советник во министерството за образование и Елизабета Секирарска професорка.
24 Отворено