Легално рекетарство или еснаф без кој не се може. По најавите за воведување нови, помеки правила за извршителите, половина од активните компании и десетици илјади граѓани останаа со блокирани сметки.
Граѓаните тонат во долгови, извршителите тријат раце. Дали новиот Закон за отпис на камати за неплатени сметки ќе ја намали агонијата на сиромашните?
Ќе има ли мораториум на извршувањето и ревизија на работењето на извршителите?
Што носи новиот Закон за извршување?
Вечерва во 24 Отворено дебатираат: пратеникот Панчо Минов, заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, Марјан Ристески – претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати и економскиот аналитичар Славко Лазовски.
