Гевгелија, Валандово, Богданци, Дојран. Југоистокот на нозе, ќе се градат ли рудниците Иловица и Казандол или ќе победи граѓанскиот активизам за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните? На тест институциите. Додека власта е зафатена со големите политички прашања за името и законот за јазици, дали просперитетот на граѓаните е ставен во втор план? Под кои услови и какви договори се кријат во рударскиот бизнис, колку потписи биле клучни зад прашината на рударскиот коп? Екологијата и здравјето на граѓаните се најдоа високо предизборно во агендите на политичките партии, но дали ќе останат во реалниот политички фокус? Во 24 отворено експерти, инвеститори, граѓански активисти.
