Стејт Департментот го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност, поради негова вмешаност во тешка корупција. Холандија ги стопираше проектите со судскиот совет по скандалите во ова тело, власта подготвува или тврди дека подготвува ремонт на судксиот совет, но се чини дека е потребен генерален ремонт во правосудниот систем. Битката со корупцијата ни на небо ни на земја, во овој момент се чини дека странските пријатели се позаинтересирани за искоренување или намалување на корупцијата.
Вечерва за состојбата во правосудството со поранешната судијка на Врховниот суд Вера Коцо и адвокатите Александар Гоџо и Звонко Давидовиќ.
24 Отворено