Со денови траеја репликите за продолжување на енергетската криза во државата, како предуслов за владата да има одврзани раце за да може да интервенира на пазарот во обид да обезбеди енергија за годинава, струја, гас, мазут, погонско гориво за да не замре животот во земјата. Опозицијата нуди решенија, власта растрчана по соседството, бизнисот клекнат на колена чека, од која страна ќе дојде помош?. Граѓаните пак мака мачат со високите цени на производите кои поскапеа под налетот на скапата струја, особено во стопанството.
Дел од главните протагонисти и сведоци на неколку дневната драма во Собранието во студиото на 24 анализа, пратениците Марија Георгиевска од СДСМ и Тони Јаревски од ВМРО-ДМПНЕ.
24 Анализа на 24 Телевизија