tvstanici.net

24 анализа – Собранието пред блокада со илјадници амандмани



Подгрева ли власта големи очекувања за позначајно економско заздравување догодина? Во план е да се потрошат милијарди евра. Владата тврди, парите ќе завршат кај граѓаните и фирмите. Опозицијата возвраќа, буџетот е партиски. За железници 36 милиони евра, за гасификација повеќе од 12 милиони евра, за водовод и канализација 7 милиони евра. Амбициозни планови за капитални инвестиции. Која е линијата која ги дели остварливите од популистичките проекти? Се најавува следење на патот на парите за јавни инвестиции. оние што нема да ги реализираат ќе останат без сретствата. Новиот буџет во Собранието, опозицијата го пречека со повеќе од 500 амандмани. За саботажа или предлози што нудат квалитетни решенија за подобра економија.

Аргументите ги соочија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов.

24 Анализа на 24 Телевизија

Exit mobile version