24 Анализа – Не чека ли ценовен бран?

Поскапа храна, недвижности, метали, бензин – инфалцијата подгреана – не чека ли ценовен бран? Стотици милиони евра во оптег во економијата, како мерки за помош на граѓаните и на фирмите. Дали денарот е под притисок? Банките пливаат во пари, граѓаните се плашат од нови задолжувања, фирмите се борат за ликвидност, стабилност на банкарски сектор, кредити и штедење. Владата најавува инвестициски бум. Каква е состојбата со странските директни инвестиции? Претстојни локални избори, вакцинација, пандемија, кои се ризиците што ја демнат економијата, јавниот долг во пораст, црвената линија премината. Оценките проценките и очекувањата на Народната банка преку интервјуто со гувернерката Анита Ангеловска Бежоска.
24 Анализа на 24 Телевизија