И официјално економската криза во земјава заврши, напиша министерот за финансии, Бесими. Дали е тоа така? Економскиот раст во подем, а фирмите се уште алармираат за тешки економски денови. Каде е вистината? Наместо ниски, натпросечни плати во странските компании, власта со нов адут во потрага по нови инвеститори. Дали стратегијата дава ефект? Каква е состојбата со домашните и со странските инвестиции, се отворија ли нови фабрики, се зголеми ли бројот на нововработени? Расте просечната плата, ама и инфлацијата. Ценовен раст. Поскапо овошје, масло, печива, тутун. Цените на горивата и натаму ќе се зголемуваат. Растечка инфлација – до кога?
Аргументите ги соочуваат Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за слободни економски зони, Гордана Димитриевска Кочоска, ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Петрески, универзитетски професор.
24 Анализа на 24 Телевизија