tvstanici.net

24 анализа – Интервју со првиот човек на Судскиот совет – Киро Здравев



Со или без преговори нема бегање од реформи во правосудството. Прочистување, ревизија на случаи, отчетност за имотот на судиите – се’ е на маса. Од каде треба да се почне? Колку случаи и зошто се чувале во фиока – дали во дел од нив има имиња на функционери? Преку Судски совет до судијка во Уставен – со кои аргументи нејзините колеги одлучија во еден глас за новата позиција на Добрила Кацарска? Дали Судскиот совет се деполитизираше и успеа да се одлепи од партиско-пријателските релации во фелата? Судења во време на Ковид – некои предмети се форсираат а други ќе чекаат подобри времиња.

Одговори на овие теми, од првиот човек на Судскиот совет – Киро Здравев.

24 Анализа на 24 Телевизија

Exit mobile version