tvstanici.net

24 анализа – Интервју со Бојан Маричиќ вицепремиер за евроинтеграции



ЕУ со шлаканица до Владата за контроверзните измени на кривичниот законик со кој во вода паѓаат делата за кои се гонат или ќе се гонат функционери. Зошто Владата која во секој збор се фали со европската агенда побрза да ја озакони како што велат правнивците неказнивоста? Се пазари ли Ковачевски за нова амнестија со Мицкоски или пак со Груевски за ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени? Како Владата ќе стигне до 80 гласа за Уставот? Колку пораките на Макрон за Европа во повеќе брзини и покрај контроверзната преговарачка рамка ќе ја остави Македонија и понатаму во Европската чекална? Зошто Владата реши да потроши 80 000 евра за да ги убедува граѓаните дека сме Европа? Зошто СДСМ бега од избори?

Во 24 анализа интервју со Бојан Маричиќ вицепремиер за евроинтеграции и секретар за меѓународна соработка во СДСМ.

24 Анализа на 24 Телевизија

Exit mobile version