tvstanici.net

24 анализа – Има ли државата политики за задржување на нашите кадри дома?



Работа на брод, во европска болница или во хотел на некој остров во морските води, наши сограѓани од различни професии, со различни титули и квалификации неповратно ја напуштаат Македонија. Во земјава има скоро 10 000 слободни работни места најмногу во преработувачката индустрија, трговијата, угостителството. Пазарот на труд го тресат тектонски поместувања. Има работа, но нема кавлификувана работна сила. Во најава увоз на работници од странство. Има ли државата политики за задржување на нашите кадри дома? Што нудат европските дестинации, а го нема во Македонија Дали вработувањата во администрацијата и натаму остануваат најатрактивни или и јавниот скетор ќе се соочи до неминовното – продуктивна работна сила што ќе мора да ја заработи платата.

Дебатираат Билјана Јовановска, поранешна директорка на Агенцијата за вработување, Трпе Деаноски од УПОЗ и Зоран Кочоски од Коузон, агенција за посредување за работа во странство.

24 Анализа на 24 Телевизија

Exit mobile version