tvstanici.net

24 Анализа – Дебата со кандидатите за градоначалници на општина Аеродром



Аеродром – според бројот на жители, најголемата скопска општина – општината за која нејзините жители велат дека наместо урбанизација се случува бетонизација, каде како што обвинуваат, урбаната мафија има свој дом, каде наместо на чист воздух, се мисли како да се додаде нова маркица за десетокатница.

Вечерва во 24 Анализа дебата со кандидатите за градоначалници во општина Аеродром:

Билјана Аврамовска Ѓоревска – ЛДП и ДОМ и коалиција „Одлучно за промени; Александар Филиповски – СДСМ и коалиција „Најдоброто за мојата општина“ ; Весна Кираџиева – Левица и Миле Петковски – Трајно македонско радикално обединување – ТМРО.

Тимчо Муцунски, кандидатот за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ иако ја прифати поканата и потврди дека ќе присуствува, го откажа своето гостување правдајќи го со приватни причини.

24 Анализа на 24 Телевизија

Exit mobile version