11 ученици и тројца наставници заразени со Ковид-19 во штипските училишта



ИЗВОР: АЛФА

Уште два нови случаи на заразени ученици во штипските училишта, а по направените епидемиолошки анкети четворица ученици ќе одат во изолација. Со новите, бројот на зразение единаесет, а во изолација и он ланјн настава ќе следат вкупно 82 ученици. Утврдено е дека нема локална трансмисија- информираат од штипскиот Центар за јавно здравје.

Засега состојбата во штипските текстилни конфекции кои во јули минатата година беа жариште на вирусот, е стабилна. Има изолирани случаи, но и овде нема локална трансмисија, односно работниците се заразиле надвор од погоните.

Во меѓувреме се забележува благ пораст во бројот на хоспитализирани, како и амбулантски прегледи во штипската болница. Во моментот во модуларнат има само шест слободни кревети, а на кожно одделение сите места се поплнети. Според извештајот од вкупно 50 хоспитализирани, 14 се вакцинирани. Во изминатото деноноќие битката со болеста ја загубил еден пациент.

Александра Ристевска