Ќе им го откорнеме срцето кога ќе дознаеме кои се. Страшни сцени во Турција. Бројот на жртви расте, туристите бегаат со чамци (видео)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Осум лица загинаа во големите пожари што ја зафатија Турција, а најмалку 27 лица беа хоспитализирани поради нивните повреди.

Пожарникарите се борат со уште седум пожари.

Повеќе од 120 пожари се ставени под контрола.

Според светските медиуми, пожарникарите петти ден се борат да ја запрат огнената стихија што продолжува да се им заканува на летни одморалишта.

За време на викендот, туристите, персоналот на хотелот и локалното население мораа да бидат евакуирани по морски пат од популарните дестинации Бодрум и Мармарис, со помош на сопственици на приватни бродови.

На прашањето дали мисли дека за пожарите се виновни големите жештини оваа година, жителка на Мармарис одговори: Не знам. Поинаку е.

Никогаш порано не сум видел вакво нешто. Претходно имало мали пожари, но никогаш не сум видел вакво уништување, рече таа.

Истражителите се обидуваат да утврдат дали некој од пожарите бил подметнат.

Туристите се евакуираат со бродови и чамци.

Се уште се шпекулира за причината за пожарот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека еден од пожарите бил предизвикан од деца.

Турскиот претседател посети некои од најзагрозените области и прогласи состојба на природна катастрофа во погодените области, и вети помош. Тој се осврна и на можните причини за пожарот.

Ќњ ви го откорнеме срцето кога ќе дознаеме кој сте. Веќе има некои индиции и ќе направиме што е потребно, рече тој.

Владата е цел на критики бидејќи противпожарните авиони не се во функција, но три изнајмени руски авиони го гаснат пожарот. Ердоган рече дека авиони пристигнале и од Украина, Русија, Азербејџан, Хрватска и Шпанија.