Шоуменот Слави Трифонов го растура Борисов како растурена сарма!?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Многу ги боли ГЕРБ. Многу боли. Две прес-конференции во еден ден. Прво една конференција на вождот на ГЕРБ, само за одредени медиуми, а потоа втора, за сите медиуми, напиша лидерот на партијата Има таков народ, Слави Трифонов на фејсбук.

Затоа што болката е голема. Мала болка – една прес-конференција. Голема болка – две прес-конференции. И болката е толку голема затоа што повеќе нема да има онаква Централна изборна комисија. Нивната ЦИК, продолжи тој.

Контролирана Централна изборна комисија, која ја извршува секоја нивна политичка наредба. На пример, да се елиминира видео надзорот или да не се санкционира поранешниот премиер Бојко Борисов, кој постојано користеше државни ресурси за кампања за својата партија. Што е апсолутно кршење на законот, видливо за секого, но не и за нивната ЦИК, напиша Трифонов.

Боли ги ГЕРБ. Много ги боли. Две пресконференции днес. Сутринта – една на вожда на ГЕРБ, само за определени медии, а…

Posted by Слави Т. Трифонов on Monday, May 3, 2021

Ја разбирам желбата на ГЕРБ да го донесе изборниот закон како нешто што не е добро. Но, тоа не е така, сите Бугари во Бугарија и низ целиот свет ќе можат да гласаат слободно, глупавите ограничувања за Бугарите во странство повеќе нема да постојат. Ќе има и видео надзор, така што секој ќе може да види што се случува, додаде лидерот на ИТН.

Сето ова го кажувам на Светскиот ден на слободата на говорот. А слободата на говорот во Бугарија толку процвета поради што сме ние на 112-то место во светот. Новиот Закон за избори е добар почеток. Како што вели мудриот бугарски народ: Никој не може да спречи шумата да разлиста, со овие зборови завршува постот на Трифонов.