(ФОТО) Сами не можеме, испратете ни помош, апелираат жители на Кочани – Фокус


Овде е страшно! Сите сме собрани, тука се жителите од село Тркање, дојдовме и ние од Кочани, и сите го гасиме пожарот кој се приближува кон куќите во селото. Со лопати, со кофи вода, со што ќе стигнеме гасиме – во телефонски разговор за „Фокус” појаснуваат жители на Кочани, кои со часови се борат со огнената стихија која ја зафати општината.

Велат дека пожарот се простира на околу осум километри, и потребна им е помош за негово гаснење.

-Нема хеликоптери, чекаме помош од било каде. Исцрпени сме, сами не можеме да се справиме! Ова е невидена катастрофа и нема време за чекање, апелираме до сите општини да се вклучат и да испратат екипи – ни изјавија вознемирените жители на Кочани, кои веќе со часови биле во околината на Тркање обидувајќи се да го локализираат страотниот пожар кој денес избувна во општината.

Вики Клинчарова

ИЗВОР. ФОКУС