Филмски продуцент е обвинет за раководење со меѓународна мрежа за проституција



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Четириесет и девет годишниот Џордан е уапсен во округот Сан Бернардино.

– Долги години, Дилан Џордан води голем бизнис со проститутки преку две компании – компанија која се претставува дека организира забави и настани, и компанија за филмска продукција. Забавата веќе заврши, изјави обвинителката Одри Штраус.

Во обвинението се наведува дека од 2010 година до мај 2017 година, Џордан водел список на жени кои живееле на различни локации во САД и имале сексуални односи со клиенти за одредена сума.

Тој ги координирал своите дејствија со „мадам” од Велика Британија, заедно споделувајќи и насочувајќи клиенти и проститутки.

Продуцентот, исто така, организирал превоз за жените кои се проституирале или им помагал на клиентите да го организираат нивниот превоз меѓу различни држави.

Тој ги прикривал плаќањата со чекови на жените во вид на хонорари за ангажмани како модели, масерки, учество на приватни забави, консултантски услуги. Плаќањата за сексуалните услуги и организацијата на транспортот се вршеле преку електронска пошта.