Филипче се сретна со директорката на Институтот „ТОРЛАК“, нема детали за што точно разговарале


Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со д-р Вера Стоиљковиќ, директор на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „ТОРЛАК“ од Република Србија.

Институтот е најстара институција од овој тип во светот со традиција и искуство подолго од 80 години и се занимава во производство на вакцини, серуми и други имунобилошки и дијагностички препарати, соопшти Министерството за здравство.

Благодарност до д-р Стоиљковиќ што брзо се одѕва на мојата покана и со нејзиниот тим денеска ме посети во Скопје. „ТОРЛАК“ е единствениот институт во регионот кој набрзо ќе започне со производство на вакцини против Ковид-19, истакна Филипче.

Од Министерството за здраство во кусото соопштение не дадоа повеќе детали за што точно била средбата и дали можеби се планира некаква соработка.

ИЗВОР. ФОКУС