Филипче вели дека се соочуваме со пикот, но нема потреба од дополнителни мерки


Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш повтори дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки поради КОВИД-панедмијата. Како што рече по отворањето на модуларната болница во Прилеп, нема знаци дека има ризик од некаков експлозивен раст што би било знак дека треба да се воведат такви мерки.

Сепак, предупреди, здравствениот систем е под огромен притисок каков што не бил никогаш во историјата. Се соочуваме со пикот и со досега најсилниот бран, но тоа е нешто што се случува буквално во сите околни земји, во цела средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка.

– Advertisements –

Филипче апелира граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, нагласувајќи дека сега ситуацијата е исклучително ризична и критична.

-Имаме балансирани мерки. Тоа значи дека има рестрикција во движењето затоа што дететктиравме дека по затворањето на угостителските објекти, многу млади се собираа по отворени површини и тука воопшто не се почитуваа превентивните мерки. Имаме важечки рестриктивни мерки насекаде, за сите објекти, сали и собири и угостителските објекти и не сме виделе никаде проблем каде превентивните мерки се почитуваат. Секогаш е проблемот кога не се почитуваат мерките, истакна Филипче.

Според него, во однос на дополнителните рестрикции, земјава ги следела примерите од другите земји.

-Видовме и многу потешка рестрикција едноставно не даде резултат. Напротив, многу земји се соочија со уште посилен бран од тоа што се соочуваме ние. Очигледно дека локалната трансмисија го прави своето. Дури и евентуално некоја дополнителна мерка како дополнителна рестрикција по примерот на другите земји, видовме дека не даде никаков ефект. А како го гледаме резултатот од тоа што ние што го препорачавме во смисла да нема експоненцијален раст на бројот новозаразени што би значело огромен притисок кон болниците што не би можеле да го издржиме, а тоа ние го немаме со дополнителна преадаптација на кревети. Секој пациент добива здравствена услуга и во таа смисла дури и денешната сегашна бројка од околу 1.200 укажува на тоа дека имаме некаква форма на плато, напомена министерот.

ИЗВОР. ФОКУС