Физички ги надигравме Словенците, ама како да не верувавме во победа – Фокус


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров беше разочаран од резултатот со Словенија, но рече дека е горд на своите играчи и тоа што го покажале.

-Горд сум на моите момци против екипа која има играчи во најдобрите клубови во Европа и светот. Разочаран сум од резултатот затоа што мислам дека заслуживме најмалку бод, можеби и два. Спроведовме многу работи, физички ги надигравме Словенците, практично ги уморивме, но тој мал дел на искуство кои ги имаат како Скубе, Зеравец, Макуч, како Доленец ја направија разликата. Мислам дека не верувавме до крај дека можеме да победиме. Се обидов да ги убедам дека можеме, но на крајот сум разочаран поради таа работаизјави Лазаров.

– Advertisements –

Тој нема да може да им помогне на помладите играчи на теренот бидејќи се повреди, но мисли дека репрезентацијата е на прав пат.

-Од она што го видов, мислам дека сме на прав пат и треба да продолжиме така. Да го заборавиме овој меч и да пробаме да одиграме уште два добри натпревари и да чекаме нечија грешка, прво да ја победиме Црна Гора и тоа нема да биде лесно. Видете, секој натпревар, посебно одлучувачки е тежок но мислам дека ќе бидеме се подобри и подобри. Дај боже да се случи тоа да отидеме во втората рунда, за овие момци ќе значи уште четири натпревари, посака Лазаров.

ИЗВОР. ФОКУС