Фајзер ќе бара одобрување за трета доза. Така ќе станел имунитетот бетон!?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Компанијата Фајзер објави дека наскоро ќе побара одобрување од регулаторот на САД за трета доза од својата вакцинапротив ковид-19, чија примена, според нивно мислење, во рок од 12 месеци од почетокот на имунизацијата, може значително да го зајакне имунитетот и да заштити од најновата мутација на коронавирус .

Две дози од повеќето вакцини се клучни за развој на високо ниво на антитела против сите верзии на коронавирусот, вклучувајќи го и делта сојот, и повеќето земји низ светот сè уште се борат да ги обезбедат во време кога пандемијата продолжува да се смирува, но таквите антитела природно исчезнуваат, затоа во тек се студии за да се утврди дали и кога ќе бидат потребни нови дози како засилувачи.

Научниот директор на Фејзер, Микаел Долстен, за АП изјави дека првите податоци на компанијата сугерираат дека нивото на антитела кај луѓето се зголемува пет до десет пати по третата доза, во споредба со нивниот број по првите две, и затоа планираат да побараат од американската управа за храна и лекови ФДА итно одобрување за нејзина употреба.

Долстен посочи на податоците од Велика Британија и Израел кои покажуваат дека вакцината Фајзер многу добро ја неутрализира делтата варијанта, а претпоставката е дека кога антителата ќе паднат доволно ниско, делта вирусот може да предизвика лесна инфекција пред имунитетот да се бори против вирусот.

Сепак, одобрувањето на ФДА ќе биде само првиот чекор, тоа не значи автоматски дека на американските граѓани веднаш ќе им биде понудена трета доза бидејќи здравствените власти ќе треба да одлучат дали навистина е потребна, особено во околности кога милиони луѓе немаат никаква заштита.

Неколку часа по објавата на Фајзер, здравствените власти на САД издадоа соопштение во кое се вели дека на целосно вакцинираните Американци сè уште не им требаат трета доза.

Здравствените регулатори на САД, исто така, нагласија дека одлука за можна трета доза на вакцината ќе биде донесена само доколку научните докази покажат дека е потребна.

Во моментов, само околу 48 проценти од американската популација е целосно вакцинирана, а некои делови од земјата имаат далеку пониски стапки на имунизација, што се места каде што расте инфекцијата со делтата варијанта.

Истражувањата од повеќе земји покажуваат дека вакцината Фајзер и другите широко користени вакцини ковид 19 обезбедуваат силна заштита од многу заразната варијанта делта, која брзо се шири низ целиот свет и сега ги сочинува повеќето нови инфекции во САД.