Фаучи кажа нешто позитивно, бројот на заразени и умрени ќе почне да паѓа оваа зима



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи предвидува дека бројот на смртни случаи од ковид ќе започне да опаѓа оваа зима, по зголемениот број случаи во Соединетите држави поради појавата на делта вирусот.
Во интервју со американската водителка Грета ван Сустерен, кое беше објавено вчера, шефот на медицинскиот советодавен тим на Белата куќа беше прашан дали ќе има уште еден бран на инфекција оваа зима, објави весникот Хил.

За среќа, во моментов, поточно во претходните четири недели, забележавме пад на зголемувањето на бројот на пациенти и хоспитализации. Сепак, бројот на смртни случаи е висок, но кривата почнува да се срамнува, рече Фаучи.
Тој додаде дека не верува дека ќе се забележи толкав пад на смртните случаи, како што е забележителен пад на бројот на хоспитализации.

Колку брзо ќе падне бројот на умрени ќе зависи од многу околности, како што е постуденото време и тоа што луѓето го прават во затворени простории, рече Фаучи, а пренесува New York Post.
Фаучи апелираше до Американците да носат маски на места каде има многу луѓе, дури и ако се вакцинирани и ако се на отворено.

Американските центри за контрола и превенција на болести соопштија дека бројот на жртвите се намалил, од просечните од 1.767 дневно, на 15 септември, на 1.418 дневно, на 7 октомври.
Соединетите држави неодамна ја надминаа бројката од 700.000 жртви од ковид.

Навигација на напис