Уставниот суд “жртва” на партискиот пазар во Собранието – Фокус


Устаниот суд и во следниот период ќе продолжи да функционира само со пет судии, бидејќи и наскоро нема надеж дека ќе биде спроведен избор на нови судии во Собранието.

Пратеник од власта за “Фокус” појаснува дека најпрвин треба да се направи нова распределба во комисиите според новото мнозинство, вклучувајќи ја и Комисијата за избори и именување, каде што амин треба да добијат тројца судии.

– Advertisements –

Кога ќе заврши политичкиот пазар во Собранието засега никој не знае да каже.

Ова значи дека судот ќе може и понатаму да одржува седници, бидејќи ќе биде запазен минимумот од пет судии, но нема да може да одлучува за предмети за кои е потребно двотретинско мнозинство.

Претседателката на Уставен, Добрила Кацарска во изјава за Фокус порача дека крајно несериозно е да се остави судот да работи помалку судии толку долго време.

Кога Кацарска седна на претседателкото столче мандатот им заврши на Елена Гошева, Никола Ивановски и Сали Мурати, а неодамна му заврши и на Јован Јосифовски кој беше избран во 2012 година.

За фаворит за нов уставен судија важи актуелниот републички јавен обвинител, Љубомир Јовески, кој пред неколку месеци за “Фокус” потврди дека би прифатил да се пресели во Уставниот суд.

–Одлуката ја носат пратениците. Доколку нивен став е дека можам да придонесам со работното искуство во оваа значајна институција, ќе прифатам, ни изјави тогаш Јовески.

Испразнетите места сега треба да се пополнат по предлози на Комисијата за избори и именувања.

В.В.

ИЗВОР. ФОКУС

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×