Улична “војна” во Љубљана, употребени водени топови и солзавец. Хеликоптери летаат над градот. Има повредени (видео)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Противниците на мерките за борба против коронавирусot се собраа вечерва на плоштадот Република во Љубљана и ја повикаа владата да поднесе оставка.

Во нередите за време на протестот беа повредени неколку полицајци.

По два часа протест, тие запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон Собранието на Словенија, објави љубљански „Дневник. Демонстрантите побараа мерките за борба против коронавирусот да се сменат во препораки, како и предвремени избори.

Полицијата употреби водени топови против демонстрантите кои фрлаа шишиња, факели, камења и други предмети врз органите на редот. Во меѓувреме, ситуацијата се смири, а демонстрантите главно се разотидоа.

Демонстрантите беа критички настроени кон владата и сегашниот состав на Националното собрание, кое, како што наведува Дневник, повеќе не ја ужива довербата на народот, па ги повикаа да поднесат оставка.

Тие ни крадат пари под изговор дека го штитат нашето здравје. Но, половина Словенија повеќе не може да се движи ако нема докази за ПВТ (прележување, вакцинација, тест). Сакаме да си го вратиме животот, сакаме слобода, беше едно од барањата на демонстрантите, додавајќи дека бараат повлекување на обврзувачките мерки и ограничувања.

Аница Бидар од иницијативата Маските долу изјави дека на луѓето им е преку глава од „уцени и условувања со ПВТ“. Таа, исто така, најави нови собири следната недела. Ние сме слободни луѓе кои сакаат да живеат во слободна земја, рече таа.

Иако организаторите повикаа на мирен собир, имаше и инцидент кога еден од демонстрантите фрли боца кон еден од полицајците што го обезбедуваа собирот, но за среќа го промаши. Собраните луѓе се приближија и до влезот во зградата на Собранието, по што полицијата дополнително го зголеми своето присуство.

Епидемиолошката слика во Словенија се влошува, а според Националниот институт за јавно здравје, во моментов во земјата има 11.238 активни случаи на инфекција. Според Владата, 347 пациенти со ковид-19 се лекуваат во болниците, од кои 75 се на интензивна нега. Шест пациенти со ковид починаа во вторникот.

Во Словенија од денеска се во сила нови, построги мерки.

Полицијата кон демонстрантите фрли солзавец и почна да ги растерува со водени топки. Тоа потоа се претвори во вистинска улична војна во која демонстрантите фрлаа разни со предмети, вклучително и гранитни плочи кон полицијата. Ситуацијата се смири дури доцна вечерта.

Наводно припадниците на навивачките групи им се придружиле на демонстрантите, но оваа информација се уште не е проверена. Центарот на градот беше полн со полиција, а полициски хеликоптер леташе над Љубљана. Полицијата приведе и неколку лица, но не откри колку. Според првите информации, повредени се неколку полицајци, засега нема податоци за можни повредени демонстранти.