Трифонов: Ден за бугарската демократија, најфер избори досега


Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ”, Слави Трифонов објави на својот Фејсбук-профил дека денешниот ден бил добар ден за бугарската демократија, бидејќи според него ова биле најфер избори досега.

Таквиот негов став е поради новите изборни правила, јави дописникот на МИА од Софија. Според него, со правилата се ограничиле максимално купување гласови, корпоративниот глас и манипулациите со „мртвите души”.

Поддршката добиена за „Има таков народ” е неверојатна, додаде Трифонов.

Тој додае дека утре ќе објави за следните чекори на партијата.

ИЗВОР. ФОКУС