Трагично, 16 пациенти загинаа во поплавите во Мексико, веќе не можеа да добиваат кислород (видео)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Најмалку шеснаесет пациенти во болница во државата Хидалго, во центарот на Мексико, ги загубија животите во поплавите по обилните дождови, објави денеска мексиканската влада.

По вчерашниот пороен дожд во Идалго, се излеа реката Тула и ја поплави главната болница во која животот го загубија 16 пациенти, објави владата на Твитер.

Голем дел од Мексико беше погоден од обилни врнежи, особено во понеделникот, предизвикувајќи излевање на реките.

Во видео порака, Зои Робледо, директорка на Мексиканскиот институт за здравствено осигурување (ИМСС), која управува со болницата оштетена од поплавите, вели дека во објектот имало 56 пациенти и дека водата го поплавила за неколку минути, загрозувајќи ја неговата работа.

Кога снабдувањето со електрична енергија беше прекинато во градот (Тула), пациентите повеќе не можеа да добијат кислород, рече Робледо, додавајќи дека 40 пациенти преживеале.

Медиумите пишуваат дека меѓу жртвите имало пациенти со ковид-19 кои не можеле да дишат сами.

Снимката објавена во локалните медиуми ја покажува поплавена болница и медицински персонал како туркаат носилки низ водата.

Властите соопштија дека преживеаните пациенти биле пренесени во други болници во таа област.