Тимчо Муцунски во трка за општина Аеродром



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Изнанадувањето на локалните избори, пред тие да почнат, не е ниту кандидатурата на Горан Сугаревски во Прилеп, нити камбекот на Стевчо Јакимовски во Карпош, ниту Данела Арсовска во Скопје, изненадувањето се вика Тимчо Муцунски како кандидат на ВМРО ДПМНЕ во општина Аеродорм.

Порталите блиски на ВМРО ДПМНЕ, во вторникот, пласираа неофицијална информација која се повикуваат на партиски извори во таа партија дека кандидати во Аеродором се познатиот актер Дејан Лилиќ и спортскиот коментатор во МТВ, Тони Стојановски.

Пред малку Тимчо Муцунски потврди дека е тој кандидат на ВМРО ДПМНЕ за општина Аеродром. Што е по малку иозненадувачки бидејќи реално Муцунски е многу високо рангиран во хиерархијата на партијата. Не само што ја има функцијата меѓународен секретар на ВМРО ДПМНЕ, туку во многу анализи беше споменуван како кандидат за наследник на Христијан Мицкоски на чело на партијата.

Досега имало примери партиски лидери да бидат градоначалници, самиот Зоран Заев беше градоначалник на Струмица, Андреј Жерновски на Центар, Митко Јанчев сакаше да биде лидер како градоначалник на Кавадарци, се правеле и кариери по градоначалнички функции, но од општина Ааеродром немало таков скок во кариерата.

Со Муцунски како кандидат се праќаат две пораки: Муцунски се надева на сигурна победа во оваа општина, колку нешто воопшто може да биде сигурно во политиката, а од друга страна кога така високо профилиран играч во врвот на партијата оди во кандидатура во Аеродром тогаш не верува дека Мицкоски ќе формира влада меѓу двата круга на локалните избори или дека партијата може да дојде брзо на власт.