Тежок нокаут за Борисов и Каракачанов. Вечерва беа испратени во политичка пензија. Им “застана” македонската салата во грлото



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Денес беше официјализирано тоа што започна како операција по ставањето на бугарското вето за Македонија. Бојко Борисов и Красимир Каракачанов денес се испратени во политичка пензија.

Партијата ГЕРБ, која доминираше во бугарскиот политички живот во последните 12 години, ги загуби предвремените парламентарни избори за 46-то Национално собрание. 

Ова е дел од анализата во вечерашната емисија Во Центар која можете да ја погледате на следниот линк:

Од друга страна, Красимир Каракачанов го оцени како лош изборниот резултат. Бојко Борисов се уште не излезе да и се обрати на бугарската јавност. Но и да беше резултатот на нивните партии подобар, Каракачанов и Борисов веќе беа испратени во политичка пензија и пред изборите. Борисов јавмо соопшти дека нема да биде бугарски пшремиер и ако победеше ГЕРБ на изборите, а Каракачанов не беше на пратеничките листи на ВМРО.

Така заврши неславно една политичка гарнитура која се преигра и која покрај сите препораки остана на ставот за бугарско вето за Македонија.

Денес беше добар ден за бугарската демократија, бидејќи ова беа најфер избори досега. И не заради резултатот на Има таков народ, туку заради новите изборни правила, кои ги ограничија купениот глас, корпоративниот глас и манипулација со мртвите души, напиша лидерот на ИТН и поведникот на избоприте, Слави Трифонов на својата Фејсбук страница.