Тажен крај на канцеларката, не може да стои на германската химна. Во Тирана не можеше да “излезе” од мерцедесот, а во Белград доби пиротски тепих (видео,фото)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Германската канцеларка Ангела Меркел седеше за време на интонацијата на химните на Република Србија и Сојузна Република Германија на белградскиот аеродром.

Меркел во последно време поради нарушеното здравје не може да стои на нога за време на интонирањето на химната и поради тоа таа секогаш седи. Тоа за жал стана пракса во протоколот на долгогодишната германска канцеларка која во моментот има кревко здравје.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ согласно уставот на државата стоеше за време на интонирањето на химните на двете држави.

Вчера германската канцеларка пристигна на дводневна посета кај нашиот северен сосед Србија. Неа на аеродромот ја пречека претседателот на Србија, Вучиќ , кој исто така и подари букет со цвеќиња по нејзиното излегување од авионот Ербас А319.

За време на посетата на Србија, германската канцеларка Ангела Меркел доби пиротски тепих, по кој Србија е позната, и чија традиција е стара повеќе од четиристотини години. Тој за првпат беше изложен во Виена во 1886 година, кога предизвика изненадување бидејќи моделот е ист од двете страни.

Инаку, денес германската канцеларка Ангела Меркел пристигна од Белград во Тирана, каде се сретна со албанскиот премиер Еди Рама.

Социјалните мрежи се вжештија поради серијата гафови што се случија пред почетокот на тет-а-тет разговорот во Палатата на бригадите, пред кој беше организиран свечен пречек.

Прво, се блокираше бравата на мерцедесот со која пристигна Меркел за средбата со Рама или возачот заборави да ја отклучи вратата, па телохранителот мораше мораше да се мачи да ја отвори вратата.

Следеше нов гаф за време на интонирањето на химната. Меркел поради здравствената состојба седеше на интонирањето на химната, но корисниците на социјалните мрежи беа збунети зошто и Рама седна.

Згора на се, Рама се најде на удар на модната полиција. Тој доби критики дека ја дочека „кралицата на Европа“ во мокасини, што многумина го споредуваат со “папучи”.