Судот ѝ ги додели децата на Тања Савиќ, но ќе мора да почека бидејќи….



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Пејачката неодамна возбудено објави дека децата сега ѝ припаѓаат на неа

Пејачката Тања Савиќ конечно, по скоро една година, ќе ги види своите синови кои нивниот татко ги однесе во Австралија без нејзино знаење.

Имено, таа објави дека судот донел одлука децата да ѝ припаѓаат на неа, и дека наскоро ќе ги земе. Сепак, поради пандемијата на коронавирусот, Тања ќе мора да биде во карантин две недели кога ќе пристигне во Австралија и дури тогаш ќе може да ги заврши документите.

„Тања ја бара најдобрата опција да оди да ги земе малите. Сите со нетрпение го чекаат нивното доаѓање, баба подготвува сè што децата сакаат да јадат, како и малата соба. Сестрата на Тања, Билјана е возбудена како Тања. Во Радинци владее вистинска еуфорија. Тања деновиве ќе отпатува во Австралија за да ги донесе, таа сигурно мора да биде таму некое време во изолација, бидејќи правилата така диктираат поради епидемијата, а потоа има неколку дена да ги заврши документите и може да се врати во Србија со децата“ , рече изворот.

Таа најпрво ја сподели среќната вест на својот Instagram профил, а потоа им потврди на медиумите дека наскоро ќе ги земе своите деца, кои не ги видела од април минатата година.