Стејт Департмент: Корупцијата е проблем за водење бизнис во Македонија



ИЗВОР: АЛФА

Тетово пред сообраќаен колапс.Исселениците го преплавија градот-дојдени во двојно поголем број од вообичаеното.Низ улиците е хаос секојдневно,возило до возило,едвај проодно.Периодов е зголемен и бројот на сообраќајки и прекршоци,токму во најголем дел предизвикани од самите печалбари. Полицијата со засилени контроли на терен.

И граѓаните се жалат дека едвај се движат низ градот, дали пешки, или со автомобил.

Со речиси никаква сообраќајна инфраструктура,Тетово секојдневно има проблеми со метежот.Периодов, дополнително поради напливот на странски возила. Сериозна стратегија и пристап кон проблемот,одамна е потребна.

Многу возила,започнати и недоградени улици, непробиени булевари, недоволно паркинг места.Проблемите се знаат,но,нема волја за нивна реализација.Токму поради овие недостатоци,никако да почне да функционира и јавниот превоз-автобусите стигнати во јануари,сеуште стојат паркирани.

Адријана Алексиеска