Со два авиони пристигнуваат посмртните останки од трагедијата во Бугарија



ИЗВОР: АЛФА

Идентификувани сите 45 жртви од големата автобуска трагедија во која  животот го загубија македонски државјани. Ова го соопшти заменик главниот обвинител на Бугарија Борислав Сарафов. Како што кажа тој, идентификацијата била направена преку ДНК профили. Инаку тој соопшти и дека со дозвола на јавен обвинител е донесена одлука, телата да бидат испратени во Македонија.

-Со указ на јавниот обвинител, вчера е дадено одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, вели Сарафов.

Посмртните останки на 45-те трагично загинати во текот на утрешниот ден ќе пристигнат во Македонија на скопскиот аеродром, потврди бугарскиот амбасадор, Ангел Ангелов. Тие откако ќе пристигнат во државата ќе бидат предадени на семејствата.

-Да, бугарската страна ќе обезбеди два воено транспортни авиони, со кои ќе бидат донесени жртвите на катастрофата во три часот сабајле, вели Ангелов.

Како што веќе беше соопштено автопатот Струма кае што се случи тешката несреќа не бил по сите потребни стандарди. Тоа го потврдуваат и меѓународни експерти ангажирани од Институтот за сообраќајна безопасност на Бугарија, кои биле ангажирани да направат непристрасна експертска проверка на условите на патот.

-Увидот утврди дека заштитните патни системи / заштитни огради / не се поставени според барањата. На подрачјето на несреќата се случиле бројни несреќи, при што се оштетени заштитните огради. Во овој случај, во средната разделна лента можеме да видиме дека има преинсталирање на објектот. Сигурно имало претходна несреќа во истата област. Приклучокот на заштитната ограда е неправилно монтиран со две завртки наместо четири, по потреба. Ова е причината поради која заштитната ограда се скина и покрај малата брзина со која удри автобусот. Утврдено е и дека недостасуваат знаци, а има и оштетени ознаки, се вели од Институтот.

Инаку, од болницата Пирогов беше пуштен и последниот пациент кој беше примен на лечење по големата трагедија во која што од 52 патника во автобусот на Беса транс живи останаа само седум луѓе.

Матеја Петровски

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×