Сиромашните не веруваат во вакцини! Вака ќе ги убедиме да се вакцинираат



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Во последните неколку месеци, американскиот милијардер и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, честопати коментираше за пандемијата на корона вирусот, повикуваше на вакцинација и почитување на мерките, а неодамна повторно ја коментираше оваа ситуација, нагласувајќи дека очекува светот полека да се врати во нормала оваа есен.

Веќе на есен, очекувам работите да бидат далеку понормални. Би бил шокиран ако во тоа време сè уште има голем број училишта за учење на далечина, рече тој додавајќи:

Сè уште треба да работиме на зголемување на стапката на прифаќање на вакцините во заедниците со ниски примања. Вакцинацијата е сè уште под потребните стандардите. Затоа мора да ги покажеме, како пример, најпаметните луѓе како ја примаат вакцината и да потврдиме дека делува, истакна Гејтс во интервју за „Wired“.

Овој бизнисмен првенствено ја коментираше ситуацијата во Америка, и посочи дека дури и да има пораст на бројот на вакцинирани, не може да се очекува итно враќање на стариот начин на живеење поради ситуацијата во остатокот од светот.

Остатокот од светот можеби ќе треба да почека до крајот на 2022 година пред да го достигне тоа ниво на вакцинација. Порано беа потребни 20 години за да пристигнат вакцините од богатите земји во земјите во развој. Значи, ситуацијата е подобра во моментот, но не е доволно добра, заклучи Гејтс.