Се разведуваат Бил и Мелинда Гејтс. Вирусот “растури” многу бракови!?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда Гејтс се разведуваат, објави парот во кратката изјава за јавноста.

Повеќе не веруваме дека можеме да се развиваме заедно како двојка, рекоа тие во заедничкото соопштение, како што објави ББС.

Тие исто така изјавија дека ќе продолжат да работат заедно во фондацијата.

За 27 години, воспитавме три деца и изградивме фондација што работи низ целиот свет за да им овозможи на луѓето да живеат здрав, продуктивен живот. Ние продолжуваме да споделуваме верба во таа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата, се вели во соопштението, со молба за простор и приватност.

Претходните сопружници ја основаа и фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ во 2000 година, која управува со скоро 50 милијарди долари и се смета за најголема приватна фондација во светот.

Според Њујорк Тајмс, нивниот развод веројатно ќе предизвика шок во светот на филантропијата, бизнисот, но и јавното здравство.

Понатаму, разводот го покренува прашањето за иднината на огромното богатство на Гејтс, а голем дел сè уште не е дониран на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Форбс го проценува богатството на Бил Гејтс, основачот на технолошкиот гигант Мајкрософт, на дури 124 милијарди долари.