Се нуделе за дебел надомест да делат маркици во Ѓорче – Фокус


Ѓорче Петров има градоначалник само во последните 3 месеци, додека речиси цели 4 години ги помина во длабок сон и со редовни афери, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Ѓорче Петров, на промоцијата на Алесандар Стојковски за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на оваа скопска општина.

-Неофицијално слушам дека актуелниот градоначалник Александар Наумовски си имал неколку соработници кои отворено се нуделе за дебел надомест наводно да решаваат проблеми, даваат маркици за градење, узурпираат земјишта и што уште не. Ова допрва ќе го провериме, откако ќе се смени централната власт – рече Мицкоски.

– Advertisements –

Говорејќи за актуелниот градоначалник Наумовски, тој додаде:

„Слушам дека актуелниот градоначалник најмалку може да се види на своето работно место, но и не е меѓу народот, туку во една друга институција, најчесто со микрофонот во рака, а не да држи политички говори туку да се забавува себе и гостите присутни на таа институција. Затоа ти Александар (Стојковски) биди меѓу народот и нему служи му“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека Ѓорче Петров ќе стане модерна и урбана општина.

-Eдна од нашите цели ќе биде вистински до почист воздух, а тоа е можно преку гасификација на домаќинствата и стопанските објекти. Ѓорче заслужува почист воздух, Скопје заслужува почист воздух, а ти Александар ќе имаш за задача заедно да обезбедиме приклучоци до секое домаќинство во општината бесплатно. Само така ќе се грижиме за поквалитетен живот – рече Мицкоски.

 

ИЗВОР. ФОКУС